Што да облечете денес?

9 февруари 2015

Оваа работна недела започнете ја со една шармантна комбинација составена од исклучително топли парчиња како противудар на студеното време што нѐ дочека надвор.

Во пресрет на Денот на вљубените, носиме сиво џемперче со срце во комбинација со едноставни, тесни црни панталони.

Денешниот изглед го разигруваме со топло елече во темно виолетова боја и класични и елегантни црни чизмички. Целата комбинација украсете ја со сиво зимско капче и тренди ранец во истата боја, а додајте и малку шарм со овие бисерни неодоливи обетки.

Ви посакуваме тотално љубовна недела!

Објавено:
9 февруари 2015
Категорија: 
Тренд