Есента е препознатлива по топлите, раскошни земјени нијанси на портокалова, жолта, кафена и зелена, кои покрај тоа што доминираат во природата, доволно се присутни и во останатиот дел од нашето опкружување, вклучително и модата.
Но, тоа не претставува никаква пречка да им се даде шанса и на светлите јаки бои, како сината, виолетовата и розовата. Напротив, скршнувањето од таа класична палета на бои може да донесе неочекувана нота на свежина, за која понекогаш сме несвесни дека ни е потребна.
Оваа сезона, модната куѓа на Валентино ја направи розовата нијанса нејзин заштитен знак, директно влијаејќи врз есенските трендови.
Розовата боја често се поврзува со женственост и романтика, што е еден од стилските насоки што можете да ги преземете доколку размислувате да внесете повеќе од оваа боја во вашата гардероба. Доколку сакате да испратите порака за смелост и разбирање на трендовите, парчињата во сите нијанси на розова боја се оние на кои би сакале да се фокусирате.
A за повеќе инспирација, погледнете ја нашата галерија.
Фото: Pinterest