Портокаловата боја можеби се смета за заштитна боја на есента. Есенските трендови укажуваат на тоа дека оваа сезона ќе доминираат модни парчиња во сите нијанси на портокалова боја и земјени тонови, но непишаните правила се лесни за прекршување.
Со внесување на контрастна и акцентска боја во очекуваната есенска палета на нијанси може да се постигне одличен ефект на необично освежување и разигрување на сезонската гардероба.
Фото: Pinterest
Виолетовата е неодоливо енергична и весела боја, а зависно од нејзината нијанса, светла, пастелна или пак длабока и богата, таа може да се искористи со цел да се изградат аутфити со сосема различена енергија за различни прилики. Токму затоа, виолетовата боја полека станува еден од најпопуларните избори за оние кои сакаат смели подвизи во својот моден израз.
Фото: Pinterest
Виолетовата веќе ја видовме како доминира на модните недели и ревии на признати дизајнери, и сè почесто ја забележуваме како елемент на уличната мода.
Фото: Pinterest
Во прилог разлистајте ја нашата галерија со фотографии со кои сакаме да ве мотивираме да внесете малку виолетова игривост и енергија во топлата палета на есенски бои во вашиот гардеробер.
Фото: Pinterest