Мејкап колекција по мерка на филмска дива
•
13 декември 2014
Италијанската модна куќа секогаш знае да направи умешен баланс дури и кога станува збор за шминка. Овој пат за претстојните празници лансираше лимитирана колекција и тоа во златна и црвена боја, типично во духот на божиќните и новогодишни празници.
Долче и Габана се претстави со колекцијата Holiday, која во себе содржи лакови за нокти, бронзер, сенки за очи, кармин и пудра. Оваа колекција е идеален празничен поклон, на себе има симболични мотиви и може да се најде во продажба во одредени светски познати парфимерии.