Француската луксузна модна куќа лансираше мејкап колекција „Golden Shock“, алхемија на златни и јаки нијанси со металик ефект, односно шминка со која ќе создадете впечатлив изглед во очи на божиќните празници. Новата линија нуди кармини, пудри, сенки за очи и лакови за нокти, во распон од црвена, розова и кафена нијанса.
Карминот Diorific е двобоен, па така може да го користите дури и во комбинација на двете бои. Достапен е во осум нијанси и секој кармин е во мат верзија со бисерно, златен сјај. Во однос на маникирот, брендот ја лансираше линијата Diorific Golden Shock Top Coat, составена од четири нијанси на лакови за нокти. Пудрата Diorific Golden нуди блескав сјај на вашето лице и токму затоа се состои од две страни, за нежно розов и златно - жолт ефект. Палетата сенки за очи од Диор, нуди широка палета на бои со мноштво ефекти, односно мат, сатен или ултра сјаен, во зависност од изгледот кој сакате да го постигнете.
Во продолжение, разгледајте ги фотографиите од колекцијата Golden Shock и изненадете ги вашите најблиски со подарок од оваа мејкап линија.