Постигнете беспрекорен матурски изглед со Seventeen

28 април 2015

Свеж и целосно стилизиран медитерански изглед нека биде вашиот избор за матурската вечер, предлагаат од Seventeen. Доколку се одлучите за овој актуелен тренд и се препуштите во професионалните раце на овој бренд, Seventeen ви нудат одлични можности.

Секој ден до 18-ти мај, од 15 до 17 часот повелете во Скопје Сити Мол, каде во рамки на настанот „Матурско кралство“, имате можност да добиете бесплатна шминка од професионалните шминкери на Seventeen. Тие ќе бидат расположени да ве посоветуваат и да ви помогнат во пронаоѓањето на совршена шминка. Брзо, квалитетно и бесплатно ќе имате можност да видите дали ви прилега медитеранскиот или некој од другите трендови од новата колекција шминки за пролет-лето на овој бренд.

Доколку се одлучите да бидете медитеранска матурска убавица, од Seventeen во продолжение ви откриваат како и со кои производи да го постинете тоа.

slika 1

Интензивни усни во боја на бургундец, класичен ајлајнер и убаво обликувани веѓи можете да постигнете на многу едноставен начин.

Она што прво треба да го направите е да постигнете добра основа. За прекривање на сите несовршеност искористете го коректорот Ideal Cover concelar. Особено е ефективен доколку имате проблем со темните кругови околу очите.

Потоа, потребна ви е добра пудра. Од Seventeen ja препорачуваат течната пудра Natural Velvet Long Lasting Foundation, со која ќе добиете мат кадифен изглед на лицето. Збогатена е со витамини А, Е и Ф што придонесува за екстра хидратација на лицето. Исто така, бидејќи содржи СПФ 15 за заштита од сончеви зраци, совршена е за летниот период. Така, ќе добиете мазно лице со мат ефект.

За дополнителен и природен мат ефект на лицето, на образите нанесете руменило Natural Matte Silky Blusher No 4.

Со оглед дека густите веѓи се актуелен тренд, а и се еден од впечатливите делови на овој изглед, па за да ги постигнете, обликувајте ги со потемна нијанса на молив за обликување веѓи Longstay Eyebrow sharper Pencil. Бидејќи веѓите се истакнати, очите нашминкајте ги во посветли нијанси.

На очниот капак, како база, ставете светла сенкаSilky Shadow Base 102 за да додадете светлина, додека под лакот на веѓата додадете  сатенско темна сенка  Silky Shadow Satin 201 за да додадете длабочина.  Со ајлајнер High Precision Eyeliner истакнете ја линијата на надворешниот агол од окото. На трепките додадет екстра волумен и дефиниција со црната маскара The Stylist.

И за крај усните. За заводлив и свеж изглед, со кој ќе мамите воздишки, вистинскиот избор е долготрајниот кармин All Day Lip Color, а овој пат од Seventeen  ја препорачуваат нијансата No 08, со што во текот на целиот ден ќе зрачите со страст.

seventeen1

Изгледот на сите производи, а и крајниот резултат можете да ги видите на првата приложена фотографија, а на линкот овде погледнете го најновиот онлајн водич за убавина на Seventeen за пролет-лето 2015, каде што можете да ги разгледате и другите актуелни предлози за шминка за оваа сезона.

Нека Seventeen биде вашиот партнер за убавина.

Објавено:
28 април 2015
Категорија: 
Убавина