Задолжително парче Seventeen: Нежни пудри за беспрекорен изглед на лицето!
•
5 март 2015
Денешното задолжително парче ни доаѓа од колекцијата на Seventeen во вид на две прекрасни пудри за беспрекорен изглед на лицето.
Првата е одличната Pearl finishing Powder која содржи природни бисерни честички за екстра сјај завиткани во масло од јојоба за постојана хидратација. Оваа пудра ќе и даде свеж, природен изглед и бисерен сјај на вашата кожа.
Втората пудра што денеска ви ја предлагаме едноставно е наречена Natural Velvet. Станува збор за течна пудра збогатена со многу витамини за дополнителна, екстра хидратација.
Оваа пудра од колекцијата на Seventeen не содржи парабени и погодна е за сите типови на кожа.
Во пресрет на Празникот на жената, ова е одличен предлог за подарок на кој би се израдувала секоја жена!