Нашиот денешен предлог е да се нашминкате во земјени и свежи тонови, во комбинација со романтични усни и нокти во боја на праска. Тимот на Seventeen ви го овозможува тоа. Со помош на нивните производи ќе постигнете летен изглед што многумина ќе ги воодушеви.
Најпрво нанесете Natural Velvet течна пудра со долготраен ефект. Оваа пудра го прави лицето седефасто мазно и има висока прекривна моќ. Погодна е за сите типови кожа и не ги затвора порите. Одлично се соодветствува со руменилото во земјена нијанса.
Потоа, нанесете од тробојните сенки Perfect Harmony, за на крај да го финиширате изгледот со X-traordinarie маскарата која ги прави трепките погусти, долги и дефинирани.
За усните искористете мат кармин со долготраен ефект, збогатен со масло од манго и јојоба за дополнителна хидратација на усните.
За ноктите, предлагаме да искористите Seventeen лак за нокти број 154.