Женствен и свеж, новиот парфем на Долче и Габана ја отелотворува деликатната рамнотежа на безвременската изработка и иновативност во уметноста на создавање уникатен парфемиран состав. Симбол на едноставност добиен благодарение на еден комплексен процес, сличен на оној кога се изработува еден беспрекорен модел на тоалета.
„Парфемот ја раскажува приказната за Сицилија која ја носам длабоко во мене и е длабоко извезена во деликатната арома на моето срце“, вели Доменико Долче.
Елегантната амбалажа потсетува на винтиџ дизајнот кои што го имаа парфемите во минатото. Чисто стакло со меко заоблени линии кај грлото на парфемот со совршено дизајниран раб . Цветот кој што се наоѓа на врвот од шишенцето им оддава почит на сицилијанските обичаи, направено да изгледа како скулптура од марципан која што ја „резбале“ традиционалните сицилијански сликари. Тенката црна панделка ја нагласува елегантната нишка и софистицираноста на изгледот на самото шише пред кое треба сите да се поклонат.
Мирисната арома за свои првични ноти ја има слатката експлозија на нежните нероли ливчиња и цвет од папаја. Срцето на парфемот изобилува со уникатна богата кринова бела вода и жолти цветови, засилени од белите амарели, јужноафрикански цветови кои што прв пат се користат во состав за изработка на парфем. Базата пак, одржува своевиден баланс со воведување на мускатни есенции и комплексни кашмирови акценти, оставајќи сензуална трага на лесни дрвенасти тонови и пикантни зачини.
Она што е интересно во поглед на рекламната кампања за оваа едиција на парфем е што Доменико Долче овој пат се најде во улога и на креатор и на режисер, потпомогнат од неговиот долгогодишен соработник Стефано Габана, кој се јавува во улога на креативен директор. Во улога типична италијанска жена се јавува канадскиот модел Кејт Кинг, која одлично успеа да се вклопи во италијанскиот амбиент.
Оригиналниот дизајн и уникатниот состав не се единствените критериуми кои што овој мирис го прават специфичен. Тоа е мирис на младешката љубов, женската невиност и виталност“, открива Стефано Габана.