Специјална ѕвездена едиција на парфеми со потпис на Тиери Маглер
•
27 декември 2013
Двата ѕвездени парфеми на Тиери Маглер Angel Black Brilliant Star и Angel Silver Brilliant Star, оваа зима се појавија опсипани со светкави кристали. Дизајнот е специјално изработен за да биде во духот на новогодишните празници. Двата мириса се наменети за жени и во себе кријат источни ноти на диња, кокос, листови од црна рибизла, праски и кајсии, надополнети со есенции од капини, мед, орхидеи, рози, крин, карамела, чоколадо, пачули, ванила и мошус.