Време е за шишки!

26 септември 2018

Со почетокот на новата сезона, насекаде можеме да прочитаме како да го освежиме својот изглед. Модните дизајнери ни ги претставуваат новите модни трендови, уличните брендови ја следат листата на актуелности и во согласност со тоа ја менуваат својата понуда, а од козметичката индустрија пристигнуваат информациите за тоа кои кармини, лакови и козметички производи се актуелни.

Ако сакате да внесете промена во својот изглед, а притоа не сакате да се заморувате со шопинг и инстражувања, ние имаме поедноставен предлог - направете си шишки.

Рамни или малку на страна, подолги или кратки француски, сосема е сеедно, бидејќи сè доаѓа предвид. Шишките сосема ќе го сменат вашиот изглед, без разлика дали имате боб фризура, или долга брановидна коса. 

Ако не сте сигурни дали ќе ви прилегаат, консултирајте се со стручно лице, не експериментирајте сами. 

 

Објавено:
26 септември 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.238 пати