Неконвенционалноста нов тренд во невестинската мода

30 јануари 2015

kolazhjule

Второто издание на манифестацијата на The bridal fashion week, во организација на Моден Викенд Скопје, се одржа вчеравечер во „Александар Палас“. Присутните, меѓу кои имаше и многу идни невести, имаа можност да видат во која насока се движи македонската невестинска мода, какви трендови препорачуваат ателјеата и студијата од Македонија, а дел од ова издание беше и ателје од Косово.

Лидија Георгиева и „Зили“

Лидија Георгиева и „Зиги“

Вечерта ја отвори колекцијата на нашата добро позната дизајнерка Лидија Георгиева, во соработка со модниот салон „Зили“, насловена како „Cotton Candy“, односно „Шеќерна волна“. Георгиева ја научи публиката да ги започнува своите ревии со перформанс, па и овој пат ни понуди поинакво визуелно доживување. Овој пат дизајнерката се одлучи тоа да биде видео со акробат-жонглер, кој и на крајот од ревијата излезе на писта, со што се доби една целина и заокружена приказна.

Лидија Георгиева и „Зиги“

Кога се креациите во прашање, уште  по првиот  што се појави на пистата, точно можеше да се препознае сензибилитетот на дизајнерката и нејзината инспирација од 1920-тите. Уште еден препознатлив нејзин знак се и модните додатоци за глава, кои и овој пат ја следеа целата колекција. Со цветови во шеќерни нијанси, тие ја нагласија романтичната страна што дизајнерката сакала да ја прикаже.

Лидија Георгиева и „Зиги“

Инаку, колекцијата е составена од неконвенционални венчални и коктел фустани наменети за девојки кои сакаат нешто поинакво. Водена од тоа дека секоја девојка е различна, дизајнерката состави колекција од различни материјали, различни стилови и бои. Така, беа изработени долги тоалети, куси фустани од тантела, муслин, тул, нежни пердуви, во шеќерни нијанси, но и боја на карамел, како и сиви, кристални нијанси.

Лидија Георгиева и „Зиги“

Застапена беше и една комбинација со панталони, а различноста можеше да се види и при изборот на обувки, па така освен сандали и чевли, видовме и чизми до глуд, со што веруваме дека Лидија ги опфати сите таргет групи.

Лидија Георгиева и „Зиги“

Лидија Георгиева и „Зиги“

Лидија Георгиева и „Зиги“

 

Елизабет дизајн студио

Elisabeth design studio

Колекцијата што ја претстави ова модно студио е насловена „Букет од камелии“. Иако на пистата доминираа долги венчални фустани во бела боја, сепак ревијата ја отвори една куса венчаница во карамел боја.

Elisabeth design studio

Она што беше доминантно кај сите креации е присуството на тантела во комбинација со тул, жоржет и сатен. Здолништата градираа од А-форма и лелеави материјали, па постепено да се шират, за последната креација да биде венчаница со балско здолниште од тул и горен дел во вид на наметка од тантела. Токму во оваа градација се гледа и инспирацијата за насловот на колекцијата – расцветувањето на белите камелии. Со оваа ревија „Елизабет дизајн студио“ стави акцент на нежната страна на жените, односно на сите девојки што се чувствуваат и сакаат да изгледаат така.

Elisabeth design studio

Elisabeth design studio

Elisabeth design studio

 

Марија Антоанета

Марија Антоанета

Студиото Марија Антоанета на публиката во Александар Палас ѝ се претстави со колекцијата насловена „Кралица на розите“. Дека ова цвеќе ѝ било инспирација можеше да се забележи уште во првите модели, каде доминираше црвената боја и нејзините нијанси. Се работи за свечени тоалети и коктел фустани, а покрај црвената беше застапена и црно-белата комбинација на бои, како и шампањ.

Марија Антоанета

 

Секако, на пистата видовме и венчални фустани, кои беа наменети за оние девојки што сакаат да изгледаат на нивниот посебен ден како Пепечашка. Балски здолништа од тул, здолништа со кринолини и корсети во млечно бела боја го сочинуваа вториот дел од колекцијата. Тимот на студиото Марија Антоанета им понуди на дамите да го изберат својот фаворит и да им порача дека без разлика на тоа која креација, или која роза и да ја одберат, ќе се чувствуваат како вистински кралици.

Марија Антоанета

Марија Антоанета

Марија Антоанета

Ал Апарел

Ал Апарел

Во својата замисла за современата невеста, ателјето „Ал Апарел“, кое и минатата година учествуваше на оваа менифестацијата, инспирацијата ја пронаоѓа во ретро романтиката што резултира со венчаници со лелеави кроеви, многу тантела и цветни мотиви и детали. Во поголемиот  дел од ревијата преовладуваа венчаници со смирена линија, со поголем фокус на деталите во горниот дел како корсети украсени со камења или болера со аплицирана тантела.

Ал Апарел

 

Единсвето при крајот на ревијата, видовме и неколку венчаници во таканаречениот „принцес крој“ што подразбира волуменозен долен дел, додека горниот дел е корсетиран и облагороден со украсни детали. Интересно е тоа што, поголемиот дел од дизајнерите што се претставија, како и Ал Апарел, во својата палета на бои за внечаниците не ја користеа едниствено класичната млечно бела, напротив приоритетот беше на другите нијанси како сива, шампањ,  сребрените  и златни тонови.

Ал Апарел

Ал Апарел

Ал Апарел

 

Емили ексклузив дизајн

Emili exclusive design

Уште еден учесник од минатата година, Ателјето Емили ексклузив дизајн, ја продолжи традицијата од минатата година, па во својата ревија покрај венчаници прикажа и поголем избор на свечени фустани. Стиловите варираа од романтични и едноставни до сексапилни со драматичен приказ во кројот, како мини волуменозни фустани со украсни камења или такви во „сирена крој“ што ја следат женската силуета.

Emili exclusive design

И во однос на венчаниците видовме неколку различни стилови. Оваа година не’ изненади фактот што речиси сите ателјеа што се презентираа, во своите нови колекции венчаници вметнале и неколку неконвенционални, како што се оние со должина до колената. Во ревијата на „Емили ексклузив дизајн“, се издвојуваше токму една таква романтична венчаница во А-крој со должина до колената украсена со цветни детали и финиширана токму со еден цветен детаљ како украс за на глава.

Emili exclusive design

Emili exclusive design

Emili exclusive design

 

Менакон

Менакон

Модното невестинско шоу го заокружи гостинското ателје „Менакон“ од Косово. Во колекцијата венчаници што ја презентираше ова ателје видовме квалитетна изработка и користени  беа богати материјали, што даде дополнителна тежина на комплетната слика. За разлика од ревиите на другите дизајнери, тука сепак преовладуваа венчаниците во А крој, со богат волуменозен долен дел, но дефинирани во еден авангарден приказ благодарение токму на материјалите кои беа користени при нивната изработка.

Менакон

Тантелата беше украсена со многу детали и светкави камења, корсетите беа со длабок V израз, а повремено имавме можност да видиме и асиметрични модели како венчаницата со еден ракав. Ревијата ја финишираше драматична венчаница во златни тонови со футуристички, нагласени рамена и корсет кој завршуваше со форма пеплум.

Менакон

Менакон

Менакон

Нашиот генерален впечаток е дека на ова второ издание видовме многу повеќе неконвенционални модели за невести. Кусите венчаници им парираа на долгите, а ниту млечно белата боја не беше доминантна. Сепак, не изостанаа ниту оние класични модели и „пепелашка“ венчаници. За разлика од лани, присуството на сирена-кројот беше минимално. Македонските невести имаа можност да видат разични нешта, а веруваме и да препознаат нешто според својот сензибилитет и вкус.

Поместувањето во однос на класиката е она што ни се допадна и што го поддржуваме. И покрај тоа на дел од учесниците на кои ова им беше прво претставување од ваков тип, би сакале да потенцираме дека за добар финален производ многу е важен изборот на материјал и изработката. Дел од учесниците потфрлија во тој дел, а токму тоа би била и нашата препорака и до сите наредни, да внимаваат на овие елементи, бидејќи тоа што го презентирате е клучно за впечатокот на оние што ве гледаат, односно вашите потенцијални клиенти.

Објавено:
30 јануари 2015
Категорија: 
Бела соба