H&M најави соработка со Ајрис Апфел

10 септември 2021

H&M досега повеќе пати соработувал со познати дизајнери овозможувајќи им на своите купувачи луксуз по поевтина цена.

Овој пат ги здружуваат силите со уникатната Ајрис Апфел, која неодамна прослави еден век живот.

Колекцијата ќе биде претставена за време на актуелната модна недела во Њујорк, каде што ќе биде организирана прослава за 100 роденден на Ајрис, но новите парчиња нема да бидат достапни до почетокот на 2022 година.

Од шведскиот бренд велат дека се одлучиле за соработка со Ајрис поради нејзиниот екстравагантен стил и силното влијание на модната заедница.

Што ќе содржи новата колекција?

Ќе содржи парчиња во стилот на Ајрис - во боја и волуменозни. Од фустани со карнери, до парчиња какви што и самата носи на најавните фотографии направени во близина на Централ Парк.

Колекцијата ќе вклучува и модни додатоци - очила, накит, чанти..., а имајќи предвид колку Апфел е омилена не само во високите модни кругови во Америка, туку и на светско ниво, кај публиката, овој бизнис чекор на H&M изгледа како полн погодок.

Објавено:
10 септември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
255 пати