Во Македонскиот културен центар вчера се одржа модниот бал кој го организираше младиот дизајнер Златко Јовановски. Неговите пријатели, подржувачи и медиумите беа дел од овој настан, со кој Златко всушност го прослави неговиот 18-ти роденден.
Златко, односно JZJ пред МКЦ пристигна во бела лимузина, облечен како крал. Екцентричен и впечатлив како и секогаш, тој се упати кон фоајето, каде беа доделени и благодарници за медиумите и личностите кои му дале поддршка, меѓу кои и Fashionel.mk.
Меѓу нив беше и Јована Петковиќ од Белград, дел од оранизацијата „Модни свет Србија“.
-Со Златко се запознавме во рамки на еден креативен проект во Белград. Тој беше еден од учесниците и јас бев навистина импресионирана од неговиот талент. Затоа сум многу почестена што сум оведе и среќна сум поради Златко - изјави Јована, која додаде дека настани од ваков тип се реткост и во Белград.
Присутните вчеравечер имаа можност да го видат и краткиот филм со наслов „Let there be JZJ“, кој ќе биде промовиран и во Србија. Како што објасни и самиот Јовановски, кој на својот севкупен изглед му додаде и круна, филмот ги претставува неговите чувства, односот на околината кон него и според него, бесмртноста што ќе ја има неговиот бренд JZJ.
Исто така, во изложбениот салон беа претставени и негови креации, за кои тој потенцира дека се рачно изработени.
- Благодарност до сите што присуствуваа. Многу сум среќен бидејќи дојдоа луѓе што ме сакаат и поддржуваат. Исто така, со некои луѓе се сретнав за првпат, што ми беше драго, бидејќи самоиницијативно дошле да ја видат мојата работа и да ми го честитаат роденденот - изјави Златко
Дел од атмосферата ви пренесуваме и преку фотографиите.