Иако не учествуваа на неделата на Висока мода во Париз, „Ателје Версаче“ оделно ја претстави својата колекција, за пролет-лето 2020 година.
Како пренесуваат, инспирацијата за гламурозните креации ја црпеле од грчката уметност, но и футуристичката архитектура и историјата на модната куќа.
За создавање на креациите биле потрошени многу часови, а употребени внимателно осмислени конструкции, монистра и украси создадени од уметници, рачно сликани материјали...
Во рамки на брендот постои и таканаречена „Експериментална лабораторија“, каде тимот на „Ателје Версаче“ постојано врши истражувања и подобрувања во односно на иновативни материјали и технологија, што ќе се користат за создавање на уникатни креации, како што се овие од споменатата колекција.