Ели Саб лансира детска линија

13 јануари 2020

Луксузниот либански бренд Ели Саб најави дека ќе лансира и детска линија под својата етикета.

„Оваа нова детска линија го рефлектира нашиот идентитет и нуди деликатни парчиња за најмалите, инспирирани од препознатливата ДНА на нашата модна куќа", се вели во официјалното соопштение на брендот.

Фото: Getty images

Луксузната линија специјално наменета за деца е насловена „Elie Saab Junior", а првата колекција е најавена за сезоната есен-зима 2020/2021.

Од модната куќа потенцираат дека во дизајнот на колекцијата особен акцент ќе биде ставен на уникатниот израз и рачната изработка.

Како најава за истата, тие објавија скица со неколку модели за девојчиња и момчиња.

 

Објавено:
13 јануари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
309 пати