Колекциите на Топшоп се обожувани од девојките од сите делови на светот, а сега тие нѐ разгалуваат со една сосема нова, совршена летна колекција.
Нивните парчиња се познати по впечатливиот дизајн што едноставно воодушевува, а токму такви ќе најдете и во новата, „Unique“ колекција.
Особено впечатливи од нивната нова колекција се чевлите, што овојпат се неодоливо колоритни и тотално шик! Покрај чевлите, во колекцијата ќе најдете и тренди дневни комбинации, претежно во јаки бои и со кроеви прилагодливи на сечиј вкус.
Покрај тренди парчињата, од брендот овојпат нудат една суптилна ретро нота кај комбинациите, преточена во фалтирани здолништа, маички на куси ракави со јаки и блузончиња во повеќе бои.
Дел од колекцијата се и елегантни куси фустанчиња во интензивна црвена боја, но и такви со принт за секојдневните прошетки и работни обврски.
За девојките кои речиси секогаш ја одбираат елегантноста пред сѐ, брендот понуди и црни шармантни фустанчиња со суптилни светки распоредени по површината.
Во продолжение во галеријата, погледнете ги сите парчиња од колекцијата на одличните Топшоп!