Ресорт колекција на Алексис Мабил инспирирана од Шпанија
•
12 јули 2013
Првата ресорт колекција на францускиот дизајнер Алексис Мабил кој најмногу го знаеме по креациите на висока мода е инспирирана од Шпанија и од фраменко-фустаните. Во ресорт колекцијата за 2014 Мабил предлага практични и удобни комбинации во кои доминираат здолништа со карнери, шарени кошули, широки панталони со висок струк, коктел-фустани, цветен дезен, детали од тантела и пеперутката како еден од омилените елементи на дизајнерот.