Малиот црн фустан како инспирација за Моноприкс
•
6 ноември 2013
Се поголем е бројот на модни дизајнери кои го даваат нивниот придонес кон комерцијалното креирање на модни парчиња. Се работи за тим од дизајнери кои решија да создадат посебна капсулна колекција за брендот Моноприкс.
Темата е иконска, и влече корени од историјата на веќе етаблирани стилови на модно крунисаните диви. Култниот безвременски гламурозрн: Малиот црн фустан. Протагоностите на проектот се: Хусеин Чалајан, Жил Ѓакон, Ен Валери Хаш, Алексис Мабил и Јигинг Јин.
Фустаните ќе се најдат во продажба на сајтот на францускиот бренд monoprix.fr, од 24 ноември, а ќе бидат достапни во 50 продавници каде се продава овој бренд. Креациите ќе чинат симболични 90 евра за парче.