Викторија Бекам ќе креира за H & M?

10 јуни 2015

Откако Викторија Бекам изјави дека би и било многу драго да соработува со бренд каков што е H & M, гласините во модните кругови не престануваат! Некои од највлијателните луѓе во модата велат дека желбата на дизајнерката, многу наскоро може да стане реалност, на огромно задоволство на бројните обожаватели.

Со оглед на тоа што Викторија е позната по тоа што нејзините дизајни подеднакво добро функционираат и во high street понудите, како и на црвениот килим, а и таа самата ретко греши во своите стилски избори, голема е веројатноста оваа соработка наскоро и да се случи.

Ова нема да биде прва соработка со H & M во семејството Бекам, откако сопругот на Викторија, Дејвид, неодамна сними рекламна кампања и беше заштитно лице на линија долна облека на брендот.

Земајќи го сето тоа во предвид, соработката на Викторија Бекам со омилениот бренд на сите трендсетерки во светот, не се чини воопшто дека е шпекулација.

Дејвид Бекам за H & M Дејвид Бекам за H & M

Стискаме палци!

Објавено:
10 јуни 2015
Категорија: 
Актуел