Животна исповед на Кара Делевињ за американски Vogue

22 јуни 2015

cara-delevingne-vogue-july-cover-2015_840_472

Познатиот британски модел Кара Делевињ (22) за првпат се најде сама на насловната страна на американскиот Vogue, а повод за тоа беше и интервјуто во кое моделката отворено зборува за своето детство, тешките и проблематични моменти и љубовниот живот и поддршката што ѝ ја дава нејзината девојка.

Интервјуто за најновото јулско издание е проследено и со фотосесија зад која се потпишува Патрик Демаршелие.

-Се удирав во дрво за да се повредам, да изгубам свест – признава Делевињ, која во раното детство се соочувала со психолошки проблеми, а ситуацијата ескалирала во тинејџерските денови.

cara-delevingne-vogue-july-2015-03_840_472

Таа додава дека и се гребела, а ѝ биле препишани и анти-психотични апчиња, со намера да ја преземе контролата врз нејзиниот живот.

Кара која првин ја гледавме во камапањите на Малберти и Барбери, смета дека пораснала многу бргу поради нејзината мајка Пандора, која била социопат и зависничка од хероин и ја оставила сама да се справи со своите демони.

-Ова е нешто за што никогаш не сум зборувала, не сум се „отворила“, но е голем дел од она што сум јас денес. Онедадеж се најдов потопена од голем бран на депресија, анскиозност и самоповредување. Тоа се мошне болни чувства, па знаев да си ја удирам главата од цврсти предмети само за да се повредам, да не мислам. Не се сечев, но се гребев до степен на крварење. Само сакав некој да ме однесе некаде далеку – признава Делевињ.

cara-delevingne-vogue-july-2015-02_840_472

Во еден момент, додека правела пауза од моделингот во Њујорк, и ги пакувала своите работи, посакала лошиот живот да заврши.

-Имав пат и тој беше точно пред мене. Морав да одлучам дали (ќе) се сакам себеси толку колку што ја сакав идејата за смртта – вели таа.

Во истиот момент на лаптопот пеела песна што била искористена на погребот на нејзин пријател, неодамна починат од предозирање со хероин.

cara-delevingne-vogue-july-2015-01_840_472

-Почувствував дека тоа ми е предупредување од него. И си бев многу лута сама на себе. Како тинејџерка пушев многу марихуана и бев полудена, со или без дрога – открива Кара.

Во процесот на растење, Кара посетувала голем број терапевти, но никој не успеал да оствари голем успех.

 

Кара (15) со нејзината мајка Пандора и сестрата Попи на свадбата на најстарата сестра Клои во 2007 година Кара (15) со нејзината мајка Пандора и сестрата Попи на свадбата на најстарата сестра Клои во 2007 година

Таа во модниот свет има репутација како некој што жестоко се забавува и има бурни верски, што воедно ги покрена приказните и дрогите.

Во 2013 година се појави фотографија на која таа носи кесичка со бел прав, односно кокаин. Како вели во интервјуто за Vogue, зависничките гени ги преземала од нејзината мајка.

-Не мислам дека правев нешто поинаку од другите луѓе на моја возраст, но дефинитивно имам „зависнички“ ген. Сега, тоа е зависноста за работа. Да не работев како луда, веројатно ќе бев зависна од некои дроги.

Иако нејзиниот татко, дедо и баба биле угледни луѓе во Англија, сепак најмногу влијание врз Кара оставил начинот на живот на нејзината мајка, која сè уште се бори со зависноста.

-Тоа ќе влијае на детството на секое дете чиј родител е зависник. Растеш многу бргу затоа што ти ги чуваш твоите родители. Не тие тебе. Мојата мајка е исклучително силна личност, со големо срце и ја обожувам. Но, тоа не е нешто од што ќе ти биде подобро. Знам дека има луѓе кои успеале да престанат и сега имаат добар живот, но не и во мојот случај. Таа сè уште се бори – открива Кара, која има две сестри, Попи (29) и Клои (30).

10 годишната Кара со родителите Пандора и Чарлс и двете сестри Попи и Клои, со веќе сега поранешниот сопруг 10 годишната Кара со родителите Пандора и Чарлс и двете сестри Попи и Клои, со веќе сега поранешниот сопруг

„Дивиот“ начин на живот ги покрена приказните и за нејзината сексуалност.

-Уште како дете имав помешани чувства и помислата дека сум геј, ми беше застрашувачка. Сега се забавувам со Ени Кларк (32), таа е музичар и кај неа одат сите заслуги за тоа што среќата е во мојот живот. Тоа што сум вљубена и во кого е најголемата причина за среќа овие денови – објаснува моделката.

Во моментов се фокусира на актерството, а овој месец ќе се појави во остварување во кое ја има главната улога. Се работи за адаптација на новелата на Џон Грин, Paper Towns.

cara-delevingne-vogue-july-2015-05_840_472

cara-delevingne-vogue-july-2015-06_840_472

cara-delevingne-vogue-july-2015-04_840_472

Објавено:
22 јуни 2015
Категорија: 
Актуел