Се редизајнира свршеничкиот фустан на Кејт Мидлтон

25 јули 2013

fustan 1

Сите го паметиме синиот фустан на Кејт Мидлот што го носеше на свршувачката со Принцот Вилијам во 2010, зад кој стои брендот Иса. Е сега, токму тој фустан ќе добие свој редизајн.

Исто така, еден од омилените high street брендови на Војвотката од Кембриџ е и „Банана репаблик“, но со оглед дека таму ја подготвуваат новата колекција, Иса ќе го редизајнира фустанот за „Банана репаблик“.

Изработен од жерсе, со слични набори во предниот дел, фустанот ќе чини разумни 65 фунти, за разлика од оригиналниот кој чини 565 фунти, но е изработен од стопроцентна свила.

Освен во сина, фустанот ќе биде достапен и во темновиолетова.

fustan

Објавено:
25 јули 2013
Категорија: 
Актуел