Мерилин Монро во кампања за нега на коса

29 јули 2013

 

Иако поминаа повеќе од педесет години од нејзината прерана смрт, Мерилин Монро останува трајна фигура во поп културата. Брендот за нега на коса „Sexy Hair“ одбра во нивната нова кампања да го искористат имиџот на русокосата ѕвезда. Во рекламната кампања Мерилин Монро е прикажана како ѕвезда која ги обожава производите на оваа линија, и се води под мотото „Spray and Play“, парола која одлично се вклопува со ставот на самата поп икона Монро, која во една прилика вели: „ Ако ги почитував сите правила, немаше да стасам никаде“.

 

 

 

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Актуел