Fashion&Beauty Blogomanija во јуни - резервирајте си место на време!

6 април 2016

По неколку успешни и големи конференции, од „Твитоманија", преку „Блогоманија" и "Нова Енергија", истиот тим тргна во една сосема нова, но позната приказна. Blogomanija Fashion & Beauty е третата регионална Блогоманија која ќе се одржи од 8-ми до 12-ти јуни во Хабакуку во Марибор ќе се занимава со актуелностите од моментално најперспективната сфера на Интернетот - fashion, beauty & lifestyle индустријата.

Сведоци сме на се поголем интерес на целокупната интернет популација, како во светот, така и кај нас, за конкретни теми од тие две индустрии. Секојдневно користиме по неколку алатки кои доаѓаат и ја користат убавината и модата, а затоа не сме ни свесни. Филтрите на фотографиите се само почеток. Селфи адаптациите, напредното знаење на фотошоп и илустратор, социјалните мрежи како канали за промоција и поволни канали за развој на кариерата, потоа „ЈуТјуб" туториjалите, имаат свое место под „Интернет Сонцето" затоа што се иновативни, поинакви, и ја познаваат сајбер материјата, се она што секојдневно се издвојува и кои големите fashion & beauty куќи веднаш ги препознаваат.

Блогоманија е концепт кој вклучува многу повеќе од самите блогови. Се работи за збирно место и своевидна прослава на Интернетот, што од 8-ми до 12-ти јуни годинава ќе биде во служба на убавината и модата. Им се обраќаме на сите професионалци, претставници на медиуми, но и љубители на модата и дизајнот кои веќе или кои во иднина ќе можат со помош на на интернетот да го живеат својот сон – да заработуваат и живеат fashion & beauty живот!

Еден од основачите на порталот NovaEnergija.Net за настанот изјави: „Оваа година пролетната конференција ќе се одржи на Похорје, покрај Марибор, во хотелот Хабакук од 8-12 јуни. По изборот, ќе биде вистинска шанса да се забавуваме за прв пат со модата и убавината и сродни теми на Блогоманија. Покрај сјајната природа, ќе имате и шанса да уживате во велнес, во внатрешните и надворешни базени и различните забавни и спортски содржини кои ќе би ги приредиме. "

Екипата која стои зад самата конференција има повеќегодишно искуство во организација, маркетинг, ПР, но, и од друга страна, искрено е возбудена што ќе може да овозможи на сите заинтересирани во регионот да научат нешто ново, да предаваат, да изложуваат, и да го презентираат својот бренд или едноставно да учествуваат во феноменалната забава и неформалните дружења кои генерираат важни контакти кои секогаш се најважни кога се онлајн прашањата во фокус.

Овозможени се добри цени за сите гости, полупансион од 25 евра дневно. Капацитетите на сместување се во објектите Терма Марибор, а превозот од Белград, Нови Сад, Сараево, Загреб и Љубљана ги организираат партнерите од Тера Травел.

За сите прашања и информации контактирајте ги организаторите преку официјалниот сајт http://blogomanija.net/

Објавено:
6 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
196 пати