По завршувањето на мандатот, претседателот Обама со сопругата и двете ќерки ќе мора да замине од Белата куќа. Сепак, тој сè уште ќе има можност да ги користи дел од привилегиите што ова место ги носи, па тајната служба и понатаму ќе се грижи за ова семејство и ќе ги чува. Со оглед на тоа дека човек лесно се навикнува на добро и убаво, новиот дом што претседателот на САД си го обезбеди е таков што изгледа како и да не заминал од Белата куќа.

Куќата се наоѓа во Калорама, неколку километри од центарот и Белата куќа, што се смета за едно од најлуксузните квартови во Вашингтон. Изградена е во 1928 година и нејзината вредност се проценува на околу 6 милиони долари, ако се има предвид и фактот дека месечното изнајмување на просторот се движи околу 22.000 долари.

Инаку, зданието претходно му припаѓаше на Џо Локхарт, новинар, кој работеше и како ПР на некогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, кој ќе биде и прв сосед на Обама. Доколку пак се случи Хилари да победи на изборите, тогаш нејзиниот нов дом ќе е Белата куќа.

-Соседството е мирно, а тоа е една од причините зошто на сите ни се допаѓа тука – вели Тони Подеста, кој живее две куќи после оваа во која Обама ќе се всели наскоро.

Инаку, внатрешноста на новиот дом на претседателот е составена од девет спални соби и осум бањи, игралиште, градина, игралиште, гаража, паркинг за 10 коли...

Во продолжение погледнете ја внатрешноста на новиот дом на семејството Обама, каде своевремено еден период живееше и Френклин Рузвелт, додека сè уште беше секретар на морнарицата:

Објавено:
27 мај 2016
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
4.075 пати