Веројатно кога ќе видите некоја фотографија од дизајните на Џозеф Фонт, сигурно веднаш забележувате дека станува збор за креација од модната куќа Делпозо.

Одличниот дизајнер создаде уште една совршена и бајковита пред – есенска колекција која ја воодушеви јавноста.

Како и досега, тој направи одлични парчиња со делови кои неодоливо наликуваат на скулптури и сложени форми во вид на оригами.

Неговата беспрекорност не се состои само во формите, туку и во материјалите, текстурите и секогаш фантастичните бои.

Во оваа колекција дизајнерот ја комбинира беж бојата со светло и темно сина, како и магента бојата со портокалова.

Како и секогаш, талентираниот дизајнер прикажа панталони со висок струк во прекрасна магента, куси волуменозни фустанчиња, прекрасни женски костими, плетенини, фантастични модни додатоци и што уште не.

Дизајнерот претстави и неодоливи вечерни фустани во елегантна црна боја, но и секојдневни лежерни парчиња што девојките ќе ги обожаваат. Во галеријата погледнете ја новата фантастична колекција на Делпозо.

Објавено:
13 јануари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
241 пати