Сабота во лежерна и стилска сива комбинација
•
18 февруари 2017
Доколку изминатата недела завршивте со сите обврски и денеска денот решивте да го посветите на себе и најблиските, ние ја имаме совршената комбинација за вас. Искористете го времето да прошетате некаде надвор или пак да одите на ручек или кафе со пријателите, а за таа намена одберете сиви едноставни панталони и нежна бела ролка во комбинација со удобни и стилски бели патики. Бидејќи утрово температурите се малку пониски, слободно комбинирајте ја оваа топла сива јакничка, а секако не заборавајте ги и очилата за сонце!
Уживајте оваа сабота!