Уште пред неколку месеци светските медиуми пренесоа вест дека познатиот модел Миранда Кер и основачот на „Снепчет“, Еван Шпигел стапија во брак.
Тие успеаја максимално да го сочуваат тој момент од очите на јавноста.
Сега пак, американското издание на „Вог“ ја има ексклузивата за нивните свадбени фотографии.
Познатата двојка ја официјализираше својата љубов со интимна прослава на која присуствуваа само 45 гости, семејството и најблиските пријатели.
Покрај ексклузивните фотогргафии, откриени се детали и за венчалниот фустан на австралискиот модел.
Венчаницата е направена специјално за Миранда Кер, а за тоа била задолжена модната куќа „Диор“, односно Марија Грација Кјури.
-Искрено, не можев да замислам поубава венчаница од оваа. Често се забавувам со модата, сум била и потемпераментна, слободна, бохо, во таа смисла. Но, во овој период од животот, мојот стил е посмирен. Најголема инспирација ми е стилот на Грејс Кели, Одри Хепберн и мојата баба, која дури и на 80 години изгледа шик и дотерано и тоа како да не вложила воопшто труд: убави панталони, бела блуза или кошула, марама и чевли на ниска потпетица – вели Кер за магазинот.
Инаку, инспирацијата е фустанот што Грејс Кели го носеше на венчавкта со принцот Рение од Монако во 1956 година.
Балскиот фустан од сатен е украсен со апликации од лилјани, а за уште помагичен ефект, 34-годишниот модел се одлучи да носи и долг вел.
Украсот за коса со бисери пак, го изработи Стефан Џонс.
Инаку и оделото на младоженецот е исто така креација на Диор, како и она што го носеше синот на Миранда, Флин (6).
Венчавката се случила во дворот на куќата на двојката во Калифорнија.
Фотографиите објавени во „Вог“ се на Патрик Демаршелие. Покрај сторијата и фотографиите, магазинот онлајн објави и видео приказна која ви ја презентираме во продолжение: