Изгледа пролетното време конечно ќе нè израдува во претстојните денови, па ќе биде идеално време шаловите да ги замениме со марами.

Да, ова е еден од најчестите модни додатоци кога е пролетната сезона во прашање, па токму еден од нашите предлози за задолжително парче е марамата.

Нашиот предлог е голема марама со риги во повеќе нијанси, но доминира кафената. Овој пат, таа е усогласена со едноставна и голема чанта во кафена нијанса.

Со дискретните детали и големината, оваа чанта е вистинска „женска“ чанта која може да собере многу работи внатре, а сепак да изгледа убаво и цврсто.

Бојата е неутрална, па лесно ќе можете да ја вклопите во вашите стајлинзи.

И марамата и чантата можете да ги побарате во продавниците на „Парфоа“ во Сити Мол и Рамстор. 

 



*спонзорирана објава - Fashion Group Macedonia

Објавено:
27 март 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
589 пати