Ева Лонгорија го роди првото дете на 43 години

20 јуни 2018

Понатата актерка Ева Лонгорија го роди своето прво дете во приватна болница во Лос Анџелес овој вторник, пренесува шпанскиот магазин Hola на чија насловна ексклузивно се најде мајката со нејзиното синче.

Таа и нејзиниот сопруг Хосе Пепе Бастон ги споделиле вестите ексклузивно за магазинот и соопштиле дека нивното синче е „прекрасен благослов“ и дека се многу благодарни.

Бебето го добило името Сантијаго Енрике, тежи два килограми и 700 грама, а и мајката и бебето се во супер состојба.

Ева и првиот човек на познатата ТВ куќа „Televisa“ се запознаа преку заеднички пријател во 2013 година, а две години подоцна се венчаа, по што таа остана бремена за што и двајцата ќе кажат дека е најдоброто што им се случило.

Извор и фото: Daily Mail, Hola 

Објавено:
20 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.684 пати