Легендарната соул пејачка, Арета Френклин се наоѓа во тешка здравствена состојба. Како пренесуваат светските медиуми, таа е во Детроид, за неа се грижи семејството, кое се моли за нејзино оздравување.
Тие ја молат јавноста да ја почитуваат приватноста и да се молат за пејачката која се бори со тешка болест.
Минатата година излезе информацијата дека Френклин има здравствени проблеми, а по совет на лекарите, таа мораше да откаже неколку концерти. Никогаш до крај не беше потенцирано за што точно се работи.
Претставниците за медиуми на пејачката не ја коментираат нејзината моментална здравствена состојба.
Инаку, браќата и сестрите на Арета се починати од рак. Нејзиниот брат Сесил, кој беше и нејзин менаџер, во 1989 година почина од рак на бели дробови.
Сестрата Каролин во 1988 година од канцер на дојка, додека најстарата сестра Ерма, почина во 2002 година од рак на грло, па многумина претпоставуваат дека и пејачката се бори со оваа тешка болест.
За потсетување, последниот настап на Арета се случи минатата година, на 2-ри ноември во рамки на настанот во Њујорк, а во организација на фондацијата за AIDS на Елтон Џон. Последниот концерт го одржа во Филаделфија, во август 2017.
фото извор: www.sfgate.com;