Кара Делевињ: Модната недела е ужасна!

14 септември 2013

Со нејзиниот уникатен изглед и неверојатната енергија, Кара Делевињ е ѕвезда на модните недели веќе неколку сезони.

Но, очигледно е дека на љубовната афера на Кара со модните писти и се гледа крајот.

Девојката која во февруари годинава прошета на повеќе од 50 модни шоуа, сега изјави дека модната недела за неа претставува ужас.

Во интервју за Industrie магазинот говорејќи за почетокот на модната недела, таа признала: „Модната недела е вистински ужас“!

Веднаш потоа, таа објаснила дека не го мислела тоа буквално, појаснувајќи: „Мислам, не е ужасна модната недела, таа е неверојатна, но фактот дека мора да работиш секој ден дефинитивно е ужасен“.

И покрај ваквите нејзини изјави, таа беше апсолутна ѕвезда на ревијата на Марк Џејкобс на њујоршката модна недела.

Неодамна, моделот соопшти дека сака да се повлече од манекенството поради нејзините проблеми со кожата, што се влошуваат секој пат кога ќе биде под стрес или со многу шминка.

Таа изјави и дека има планови што ќе бидат поблаги со нејзината кожа. „Сакам да правам музика, сакам да глумам и да пејам. Сакам да правам нешто со што нема да си наштетам на кожата“, вели една од најплатените манекенки на денешницата.

Ние едвај чекаме да ја видиме во некој филм, а вие?

Објавено:
14 септември 2013
Категорија: 
Актуел