Кристи Тарлингтон повторно во кампања на Келвин Клајн

15 мај 2013

Од ателјето на Келвин Клајн излезе веста дека супермоделката ќе биде заштитно лице на рекламната кампања за колекцијата на долна облека за есен-зима 2013/14. Иако Кристи Тарлингтон се смета за ветеранка на рекламите на брендот, првпат ќе рекламира креации на CK, втората линија на Келвин Клајн. Фотографиите се на Марио Соренти, снимени се на егзотични локации во Порторико и се инспирирани од интимниот и провокативен адвертајзинг-стил на брендот.

 

Од фотографирањето на новата рекламна кампања 

Во 1987 година Кристи Тарлингтон за првпат учествуваше на ревија на Келвин Клајн, веќе следната година легендарниот Ирвинг Пен ја фотографираше нејзината прва кампања за брендот, а нешто подоцна стана заштитно лице на парфемот Eternity. Во следниот период Тарлингтон ќе сними безброј реклами за различни производи на Келвин Кјалн заедно со најдобрите модни фотографи Стивен Мајзел, Марио Тестино, Јурген Телер и Питер Линдберг. Оваа сезона таа се враќа кака нова ултимативна CK-девојка, а наскоро ќе го видиме и конечниот визуелен изглед на рекламната кампања.

 

Кристи Тарлингтон на ревија на Келвин Клајн во 1995 година 

 

Објавено:
15 мај 2013
Категорија: 
Актуел