Миранда Кер нема да настапува овогодинешново шоуто на Викторија Сикрет

19 октомври 2013

Миранда Кер потврди дека оваа година нема да ја разгазува пистата на Викторија Сикрет, туку како што е најавено таа е во потрага по филмски агент.

 

 

Дека повеќе нема да настапува во шоута на Викторија Сикрет, Миранда Кер официјално ја потврди веста уште во април годинава. Причината која таа ја наведе како главна заради нејзиното заминување е дека сака да поминува повеќе време со сопругот познатиот актер Орландо Блум и синот Флин. Но, одговорното лице од маркетинг секторот на брендот,  Ед Разек, ги увери нејзините фанови дека и покрај негирањето, Миранда сепак ќе се појави на шоуто.

 

 

Но, австралискиот супермодел за Fashionista изјави дека тоа не е вистина:

„ Точно е дека тие ме замолија да настапам на шоуто, но јас нема да можам бидејќи тој период ќе бидат во Азија“.

Со исклучок на 2010 година кога беше бремена, ова ќе  биде прв пат  Кер да не се појави на шоуто од 2007 година кога прв пат ги облече ангелските крилја.

 

 

„Кога разговарав со Ед, тој ми кажа дека навистина е вознемирен што нема да настапам, но јас навистина имам друг ангажман на кој морам да му се посветам и не сум виновна што работите се случуваат во исто време, не можам да бидам на две места“, изјави моделот.

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Актуел