Компанијата „Финарија“ неодамна направи истражување, кое во фокус ја става пазарната вредност на компаниите, односно истражување кое покажува која модна компанија е најмоќна во Европа.
Резултатите, каде се вклучени и податоците до оваа година велат дека тоа е компанијата LVMH (групација Moet Hennessy Louis Vuitton) има пазарна вредност од околу 264, 6 милијарди Евра.
Неодамна во рамки на групацијата е и компанијата за производство на храна „Нестле“, со што LVMH стана највредната компанија во Европа.
Глобално, LVMH се наоѓа на 21 место на листата на највредни компании во светот, а врвот е резервиран од страна на технолошките компании.
Инаку, освен Луј Витон, дел од оваа групација се и Диор, Фенди, Кензо, Живанши, Марк Џејкобс, Селин и други модни куќи, но и брендови од други индустрии.
Но, кога популарноста е во прашање, листата изгледа поинаку. Податоците во продолжение се од 2019/20, со оглед дека пандемијата го смени работењето на многу компании.
Во Европа, спортските брендови доминираат. Така, Најк и Адидас се на врвот на листата во Португалија и Франција. Баленсијата пак е најпопуларен бренд во Холандија и Германија, додека Долче и Габана во Белгија и Шпанија. Off-white е најпосакуван бренд во Италија, а на пример Гучи во Британија, Шведска и Данска.
Белгија е единствената европска држава каде локален дизајнер се наоѓа во топ три, во овој случај тоа е Дрис ван Нотен.
Кога се во прашање најпопуларните модни парчиња, Европјаните најмногу пари трошат на патики и модни додатоци. Така, ременот на Off- White е во самиот врв на побарувачката заедно со модели на патики.
Сепак, најпребарувани категории во Европа кога е модата во прашање се фустаните и јакните, освен во Белгија каде тоа се венчаниците.