Вака „Долче и Габана“ ги замислуваат патиките за пролет

5 јуни 2021

Италијанската модна куќа „Долче и Габана“ создаде специјална едиција на патики за актуелната сезона.

Инспирацијаата е Портофино, што не е изненадување, имајќи предвид дека модното дуо секогаш се врти кон корените.

Патиките се рачно сликани со четка директно на белата површина и секоја од нив е уникат. Со оглед на тоа дека цветовите се речиси секогаш застапени во колекциите на „Долче и Габана“, тие се главниот мотив и овој пат. Уште повеќе, Портофино е богат со цветни балкони особено во овој период од годината, па токму тоа се обидоа да го преточат во DG Limited Portofino модел.

Цената им изнесува 875 долари.

Освен овие персонализирани и лимитирани, од Портофино се инспирирани уште неколку модели:

Како ви се допаѓаат?

 

Објавено:
5 јуни 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
524 пати