Како настанале познатите модни логоа

23 јануари 2023

Приказните за настанокот на модните империи се секогаш интересни и токму затоа одвојуваме една таква, овој пат за создавањето на некои од најпознатите логоа во индустријата.

Гучи

Брендот Гучи датира од 1921 година, а зад тоа стои дизајнерот Гучио Гучи од Фиренца. Првично Гучи бил портир во хотелот Савој, а инспирација за да започне со дизајн му биле луксузните куфери на гостите за кои што се грижел. Од 1921 до 1933 година, брендот немал лого, но еден од неговите синови сакал да создаде препознатлив знак. За таа цел ги зел иницијалите на неговиот татко GG и го добил денешното препознатливо лого.

Шанел

Многумина веруваат дека Коко Шанел добила инспирација за преплетените C букви од детството. Таа пораснала во една капела која што функционирала како засолниште, и токму таму во еден од витражите на прозорците го забележала истиот дизајн. Буквите потсетувааат и на одраз во огледало.

Версаче

Првично, логото на Версаче се состоеше од монохроматски или црни и златни варијации на буквата G. Џани Версаче подоцна ја додава и Медуза како репрезент на брендот. Дизајнерот многу се интересирал за грчката митологија и тоа било причината за овој лик како лого. Поради нејзината убавина таа била проколната од Атина – секој кој ќе го погледне да се претвори во камен. Џани сакал да постигне нешто слично, односно тој кој ќе погледне во неговите креации, да не може да го тргне погледот од нив.

Луи Витон

Освен препознатливото лого на испреплетени LV, брендот користи и цвет, односно јапонски мотив на неколку од своите креации. Џорџ Витон, синот на Луи Витон, ги испишал овие ицицијали со своја рака. Тој исто така го додал и цветот, со цел брендот да остане оригинален и да не можат другите да го копираат симболот.

Хермес

Логото на Хермес, кочија и коњ, се нема променето од 50-тите. Приказната за него е поврзана со почетокот на модниот бренд – мала продавница за кожни додатоци за коњи во Париз, чии сопственици биле кралеви и благородници. Логото кое што е креирано во 1929, ја отсликува историјата на брендот.

Фото: Pinterest

Објавено:
23 јануари 2023
Категорија: 
Стории
Прочитано:
319 пати