Хит комедијата ,,Обвинителка" денес репризно ќе биде одиграна во Штип, а утре на сцената на Домот на култура во Кавадарци.
Оваа комедија ги помести границите на сите во моментот и секаде побудува голем интерес. Оргиналната тема за која малку се зборува денес ја има во ,,Обвинителка".
Лидија Вукиќевиќ, мега ѕвездата во актерските води, позната по серијата ,,Бољи живот", заедно со големата македонска актерка Магдалена Ризова-Черних загонетнуваат многу интригатни моменти од денешница, заедно со актерот Сашо Ристовски, кој е и режисер на оваа комедија.
Без вулгарности, а со фантастична актерска игра, јасни карактери создадени од актерите, публиката ужива во оваа модерна комедија.
Костимите кои се составен дел од претставата се изработени спрцијално за потребите на овој текст од страна на креативниот тим на ЕЛЕНА ЛУКА, сценографијата е на Крсто Богојевски, а музиката на Мишел Трајковски.
,,Обвинителка" моментално е единствена комедија кој преку актерите кои говорат секој на својот мајчин јазик, мост на културата помеѓу Македонија и Србија.
Според официјални извори за денешната и утрешната изведба се бара билет повеќе.
Од продуценскиот тим на комедијата ,,Обвинителка" сеуште не откриваат која е следната дестинација за во месец Мај, бидејќи сеуште се селектираат поканите за гостување кои стигнуваат дури и од многу земји од дијаспората каде живеат нашите од Македонија и Србија.