Никол Кидман ја прими Наградата за Животно Дело во златен фустан од Баленсиага

30 април 2024

Никол Кидман ја прими престижната Награда за Животно Дело доделена од Американскиот Филмски Институт во Лос Анџелес, на 27-ми април. За оваа значајна кариерна пресвртница, Кидман носеше златен фустан како што доликува на една холивудска ѕвезда. Креацијата на Баленсиага се карактеризира со драматичен, долг дел што се влече позади Кидман, и изгледа скоро како течно злато.
Стилизирана од Џејсон Болден, Никол Кидман заедно со златната тоалета носеше и златен часовник, соодветни прстени и дијамантски кружни обетки. За шминка имаше избрано природен изглед, а нејзината руса коса ја имаше формирано странично со брановидни прамени кои природно паѓаа.

Никол Кидман дефинитивно има прикажано моќни стилски моменти на црвениот тепих во текот на нејзината долга кариера, многу од нив благодарение на Шпанската модна куќа. Таа впечатливо се појави на модното шоу на брендот минатата година, облечена во металик сребрен фустан. Таа исто така стана бренд амбасадор на модната куќа минатата година, цитирајќи неколку клучни животни моменти како причина за нејзината одлука. "Баленсиага беше со мене во текот на некои од најзначајните настани во мојот живот, од мојата венчавка, па сè до црвениот тепих на Оскарите" – кажа тогаш Кидман во изјава која стои на сајтот на брендот.

Придружувана од нејзиниот сопруг Кит Урбан, Никол Кидман ја прими Наградата за Животно Дело од Американскиот Филмски Институт од колешката актерка Мерил Стрип (двете глумеа заедно во втората сезона на "Големи Мали Лаги" (Big Little Lies) и во филмот "Часовите" (The Hours) од 2002-ра година. Мерил Стрип кажа само убави зборови, зборувајќи со задоволство за Кидман додека ја гледала на сетовите за снимањето на "Големи Мали Лаги". Стрип сподели: "Во тоа време имав можност одблизу да се запознаам со дарбата која ја има Кидман, со нејзиниот процес на работа и нејзината сеизмична емоционална зрелост што ја има внатре во себе, како и нејзината сила, поривот да се биде артист и нејзината дисциплина."

Во нејзиниот прекрасен говор, Кидман изрази желба да продолжи да го прави она што го сака. "Би сакала да верувам дека само што сум почнала, но тоа не е вистина, затоа што во суштина, може да се надеваме дека сум само на средина – држам среќа," – рече таа. Има многу нови и добри млади режисери и гласови кои се сосема автентични и треба да бидат чуени, имаат многу што да кажат. Треба да им дадеме шанса да го кажат своето и да ги слушнеме, јас сум тука и спремна да ги засукам ракавите. Тука сум секогаш да ги слушнам тие гласови." – додаде таа.

Фото: Getty Images

Објавено:
30 април 2024
Категорија: 
Актуел