Ѕирнете во неверојатниот плакар на Миранда Кер
•
27 ноември 2013
Уште една вистинска светска убавица ги отвори вратите од својот плакар во домот на Менхетен за своите обожаватели.
Таа за кратко, ни овозможи вистинска авантура низ нејзиниот плакар каде можат да се видат некои од најубавите брендирани парчиња во светот. Најголем впечаток нам секако ни оставија чевлите што таа ги има во сите бои.
Во нејзиниот плакар може да се види и неверојатна колекција на очила за сонце, модни додатоци и шминки.
Но, во обиколката таа не ја пропушти можноста да ни го покаже и нејзиното преслатко милениче. Уживајте во виртуелната прошетка низ плакарот на Миранда Кер.