Колекционерите на луксузни часовници ја имаат можноста својата колекција да ја збогатат со новиот модел на луксузен часовник Rolex Oyster Perpetual Milgauss, инспириран од славниот дизајнер Карл Лагерфелд. Часовникот чини неверојатни 19 илјади евра и како лимитирана едиција е ставен на продажба во бутиците на Лагерфелд во Париз и Минск. Инаку, уникатниот часовник го има потписот на дизајнерот, како и неговиот лик кој е позициониран на седум часот.

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци