Фотографот Дејвид Бејли со дизајнерски амбиции
•
31 јануари 2014
Фотографот Дејвид Бејли ќе позајми шест од своите портрети на познатите за ексклузивна линија на урбани маици по кратки ракави кои ќе се продаваат во ланецот продавници на Selfridges.
Портрети од Мик Џегер, Џони Деп, Бој Џорџ, Грејс Џонс, Џон Ленон и Мајкл Кејн ќе бидат испринтани на маиците кои фановите на овие познати личности ќе може да ги набават по цена од 70 фунти.
76-годишниот легендарен британски фотограф е познат по својот долгогодишен ангажман за магазинот Вог за кој има направено историски фотографии како онаа на Алис Купер во 1972 година кој му позираше речиси гол.