И годинешното издание на Оскарите помина во знакот на гламурозните фустани, како и што се очекува. Но, ништо помалку вреден не беше ниту накитот, односно модните додатоци кои ѕвездите ги избраа за да го комплетираат својот изглед.
Во тој поглед, клач чантите беа неизоставен моден додаток кај жените. Што се однесува пак до накитот, за ѓердани се одлучија многу мал број од актерите. Иако во тренд се масивните ѓердани, на црвениот килим видовме сепак дискретни и мошне женствени парчиња накит. Доминираа обетките, и тоа оние што „висат“, како и прстените.
Според информациите од странските медиуми за вредноста на накитот кој дамите ги имаа на себе, може да се рече дека воопшто не се штедеа. Така, Шарлиз Терон, една од ретките што се одлучи за комбинација ѓердан-обетки, носеше на себе накит вреден 15 милиони долари, додека Џесика Бил накит вреден 280 000 долари.
Во продолжение погледнете дел од највпечатливите модни додатоци кои блеснаа на црвениот килим.
Покрај убавата тоалета на Ели Саб, Аџелина Џоли блесна и со 42-каратни дијамантски обетки од Роберт Прокоп
Ана Кендрик носеше прстен во форма на цвет од Piaget и црвена впечатлива калч чанта од Rauwolf
Ен Хатавеј се одлучи за дискретни обетки, алка и прстен. Алката е изработена од 100 каратни дијаманти и платинум од Neil Lane, а вредноста е милион долари.
Убавината на Кејт Бланшет се нагласи уште повеќе со долгите обетки изработени од бело злато, дијаманти и опал, од Chopard
Идина Мензел е уште една од малкуте жени што се одлучија да носат ѓердан. Зелената тоалета од Вера Ванг ја збогати со помасивен ѓердан од дијаманти од Forevermark
Џесика Бил се одлучи за обетки во аквамарин и дијамант, вредни 45.000 долари и ѓердан од платинум во вредност од 240.000 долари од Tiffany&Co
Иако малку ѓердани, еден од повпечатливите беше оној на Џенифер Лоренс, кој се протегаше низ грбот. И обетките и ѓерданот се на Neil Lane, изработени од кристали, дијаманти и платинум. Цената изнесува 2 милиони долари.
Еден од ретките мажи кои можеа да се пофалат со блескави модни додатоци е Џони Вајр. Тој носеше чевли целосно покриени со Сваровски кристали
Една од највпачатливите дами на Оскарите, младата Лупита Нјонго, а покрај тоалетата од Прада за одличниот изглед придонесоа и обетките и венчето изработени од 18-каратно жолто злато и дијаманти од Фред Лајтон
Оливија Вајлд се одлучи за минималистички изглед, а мошне елегантен, со интересен избор на долги обетки од Лорен Шварц
Изборот на Пенелопе беа впечатливи обетки од бели дијаманти и платину од Chopard.
Беспрекорната Шарлиз Терон на себе носеше цело богатство. Ако се доделуваше награда за најскап накит, ќе и припаднеше неа, бидејќи носеше 31-каратен ѓердан од Хери Винстон, вредна дури 15 милиони долари