Што да облечете денес?
•
10 март 2014
Почетокот на работната недела ви предлагаме да го почнете во урбани и комфорни парчиња. Пробајте да се инспирирате од предложените на фотографијата, како широкото спортско фустанче со црно црвен прит, врз кој ќе комбинирате впечатливо жолт капут во должина колку и фустанот. Урбаната нота дополнително ќе ја нагласите преку црните чизми до глужд со отворена пета и прсти кои се апсолутен хит за сезонава. Во зависност од боите од принтот на фустанот кој вие го поседувате, спојте слична нијанса на аксесоари како чантата и алките за раце. Имајте убав ден!