Новата забавна страна на „пеперутка“ вратоврските

16 мај 2014

Младиот српски дизајнер Александар Топиќ во рамките на неговиот бренд BowTie.At  неодамна ја објави својата трета колекција вратоврски пеперутки на кои им даде ново, забавно и заводливо лице. Колекцијата вратоврски содржи 203 модели, кои всушност се експлозија од бои и принтови.

 

Играјќи со текстил, Александар дизајнираше посебни форми на „пеперутките“, па така традиционалната форма успеа да ја модифицира во крилја кои навистина изгледаат впечатливо и уникатно.

 

Тој истакнува дека новите вратоврски во пролетно-летни мотиви не се наменети само за формален изглед, туку за сите секојдневни комбинации. Во овој случај монотонијата на монохроматиката е разбиена со принтови од мачиња,риби, тортички, точки,морнарски мотиви, тантела, едноставно изборот е многу голем и неограничен. Доколку ви се допаѓа некоја од овие „пеперутки“ можете да ги нарачате на официјалниот сајт на дизајнерот.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци