Москино ја одбра Линда Евангелиста

4 јуни 2014

linda-evangelista-steven-meisel-moschino-2014

Една од легендарните модели од почетокот на 1990-тите, Линда Евангелиста се уште привлекува внимание со својата појава, а доказ за тоа е и фактот што модната куќа Москино одлучи таа да биде нивното ново заштитно лице.

Откако Џереми Скот се најде на чело на компанијата, Москино стана тема на бројни расправи и го сврте комплетно вниманието кон себе, особено со последната „fast food“ колекција. Креативниот израз на Скот ги освои Кети Пери и Рита Ора, а сега ете и Линда Евангелиста која ќе ја презентира колекцијата есен-зима 2014/15.

Зад фотографиите се потпишува Стивен Мејсел, а првите фотографии се веќе достапни.

-Луѓето секогаш ме прашуваат кој е мојот омилен фотограф и тоа е Синди Шерман, но мојот омилен уметник е Стивен Мејсел - изјави Џереми Скот.

Повеќе детали околу најновата кампања ќе бидат наскоро обелоденети.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Актуел