Што да облечете денес?

7 јуни 2014

Драги наши девојки, за овој продолжен викенд ви предлагаме нежна и шармантна повеќенаменска комбинација. Истата е составена од тренди тесни фармерки со интересна маичка на прерамки во нежна, розова боја. Викендов, најмногу внимание им посветуваме на модните додатоци, па така, со оглед на топлото време викендов, слободно можете да облечете шармантни летни сандалки со машничка во иста боја како блузичката. Чантата е целосно во цветен принт што неодоливо соодветствува со алката што ја избравме. Слаткото колоритно ланче со слонче и очилата за сонце во розова боја, одлично ќе се вклопат во сето она што го одбравме. Оваа комбинација, носете ја на кафе со пријателките, на прошетка со момчето, но и на вечерна забава на вашата омилена летна тераса!

Уживајте во викендот!

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Тренд