Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #20

19 јуни 2014

Искористете го убавото сончево утро и дозволете вашата модна имагинација да си го направи своето. Модната куќа Елена Лука е подготвена да ги задоволи сите ваши модни предизвици и денес ви предлага два неверојатни стајлинзи кои можете да ги комбинирате во вашиот дневен и вечерен изглед.

За вашиот впечатлив дневен изглед, Елена Лука ви предлага краток коктел фустан кој во горниот дел е корсетиран и продолжува со должина до над колена. Станува збор за геометриска игра на парчиња материјал кои се спој од кадифе  во сребрено сива нијанса, црн сатен надополнет со парче тантела кое ја следи должината на моделот. Оваа креација комбинирајте ја со чевли на висока потпетица во беж боја.

За вашиот вечерен стајлинг, модната куќа ве советува да одберете фустан изработен од жоржет со смирена линија на кројот и слободен пад на структурата по должината на телото без нагласување на делот околу струкот за да се долови комфорноста на моделот. Елегантната нота на композицијата е нагласена со странична апликација на рамото изработена од деликатна црно-златна тантела, а длабокиот шлиц на средината од моделот ја акцентира провокативноста на дизајнот и овозможува изглед на  шармантна и сензуална грчка божица. Фустанот комбинирајте го со дизајнираните чевли од најновата колекција на модната куќа Елена Лука, „Златни узди“, изработени од високо квалитетна кожа со златен сјај, украсени со дискретно златно синџирче кое е „крунисано“ со златна кружна плочка на која е изгравирано логото на куќата.

Бидете сензуални и привлечни со моделите од Елена Лука.

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија