Поп-арт културата во вителот на ресорт колекциите за 2015 година

21 јуни 2014

Што се случува кога модата и поп-културата ќе се соединат? Доколку ги погледнете ресорт колекциите за 2015 година на Москино, Александар Меквин, Ланвин, Фенди, Диана фон Фурстенберг и Клое ќе го добиете одговорот.

Модните куќи уште еднаш ја покажаа својата моќ и храброст во комбинирањето на смели отпечатоци, графички апликации, популарни слогани на нивните префинети дизајни. Дизајнерот Џереми Скот стана популарен усовршувајќи ја оваа техника и вметнувајќи ја во своите уникатни модели. Неговата последна соработка со Москино резултираше со графичка игра на слогани од рекламите за брза храна. Скот покажа дека жолтата, зелената, тиркизната, црвената, црната, сивата и белата боја можат да бидат вклучени во вителот на дизајнот и креацијата воопшто да не изгледа преоптоварено. Неговата колекција е чудна, инвентивна и забавна.

Објавено:
21 јуни 2014
Категорија: 
Тренд