Алекса Чанг и Попи Делевињ во заеднички едиторијал
•
4 јули 2014
Кога се работи за стилски икони, моментално Попи Делевињ и Алекса Чанг го делат тронското место. По тој повод најпознатите девојки на модната сцена изненадија позитивно со новиот едиторијал кој го слави пријателството што може да биде силно исто како и љубовната врска.
Во конкретната приказна двете девојки заминуваат на заедничко патување, а како главни парчиња кои на себе ги носат се чизми од Изабел Марант, бел фустан од тантела и наметка од Клое. Низ целиот концепт преовладува бохо стилот, а од фотографиите можеме да заклучиме дека Алекса и Попи прилично се забавувале во текот на сликањето.